Еден го испетал татко си, друг бившата сопруга, приведени двајца кавадарчани

Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал. С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес.

Друг кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал, соопштија од СВР – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот