Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ исклучена од апликација за онлајн запознавање: Не ми треба маж, си имам мачка!

Фото: EPA/PAUL BUCK

Американската актерка Тери Хачер (59), најпозната по улогата во хит серијата „Очајни домаќинки“, откри дека била исклучена од популарна апликација за онлајн запознавање.

„Ги пробав сите апликации, а ја пробав и најновата. Ја пробав ‘Хинџ’“, изјави таа во една емисија.

„Си помислив: ‘Ќе му кажам на универзумот дека сум ранлива и дека сум отворена за нови можности’. Ова е она што мислев дека ќе се случи откако ќе се приклучам на апликацијата. А потоа ме исклучија од апликацијата баш така“, откри Хачер.

Фото: Instagram / officialterihatcher

Водителот да ја праша зошто се случило тоа, а актерката откри дека од апликацијата мислеле дека се работи за лажен профил.

„Па, тие мислеа дека се преправам дека сум Тери Хачер. Ми се извинија, а потоа им реков дека тоа повеќе не ме интересира. Дефинитивно завршив со апликациите за запознавање и чувствувам дека средбата со некој треба да биде полесна. Но, искрено, среќна сум. Имам навистина исполнет, зафатен живот. Имам прекрасни пријатели. Тоа е во ред. Не ми треба маж, си имам мачка“, заклучила актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот