Ѕвездата на Бродвеј шокираше: Имав спонтан абортус додека настапував пред 2.000 луѓе

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката Лаура Бенанти (43), ѕвезда од Бродвеј, откри дека доживеала спонтан абортус во текот на настап на брод за крстарење, и тоа додека настапувала пред 2.000 луѓе.

Бенанти, кој глумеше во ТВ-сериите „Nashville“ и „Supergirl“, настапувала на бродвејско крстосување на кое, исто така, настапувале Ален Куминг и Џереми Џордан.

– Сè започна претходната вечер – напишала таа на социјалната мрежа и додала дека, за жал, тоа не е првиот спонтан абортус што го доживеала.

– Да ни беше прва или втора загуба, веројатно немаше да можам да продолжам. Но, за жал, болката и празнината поради губење на дете не ми е непозната. Ова е патот по кој сум чекорела и претходно, заедно со мојот сопруг. И двајцата сме уништени, но заедно ќе го поминеме ова – напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Benanti (@laurabenanti)


Бенанти додала дека покрај себе имала „прекрасни луѓе полни со љубов“, мислејќи и на патниците и на екипажот.

„Мојот сопруг и јас сме со скршени срца, но ќе го поминеме ова заедно како што и ние и многу други направивме претходно. Сето ова го споделувам, не за да соберам сочувство или внимание, туку да потсетам дека многу луѓе и семејства кои страдале и кои ќе страдаат на овој начин, дека нема срам од таква загуба. Дека не сте сами“, изјавила таа.

Таа и сопругот Патрик имаат две деца, од кои едното од нив е родено минатата година со помош на сурогат-мајка.

Во коментарите под нејзината објава, Бенанти наиде и на бројни пораки за поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Benanti (@laurabenanti)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот