Ѕвездата на „Американска пита“ изгледа непрепознатливо: Џејсон Бигс ослабна 16 килограми поради здравствени проблеми
Актерот Џејсон Бигс (46), ѕвезда на филмот „Американска пита“ (American Pie), откри дека поради проблеми со холестеролот ослабел 16 килограми, објави „Пејџ Сикс“.
Препорачано
„Имав проблеми со холестеролот. Најверојатно поради количината сладолед што знаев да ја изедам“, објасни Бигс, кој ги симнал килограмите откако целосно ја променил исхраната и почнал редовно да вежба.
Признава дека му било потребно „некоe време“ за да ги постигне резултатите. Иако сега живее поздраво, вели дека и понатаму понекогаш се почестува, а омилена нездрава храна му е токму сладоледот.
Бигс и претходно отворено зборуваше за своето здравје, вклучително и за борбата со алкохолизмот.
„Одев на терапија, ‘работев на себе’, а во исто време, по добра сесија, ќе излезев од ординацијата и ќе отидев право во продавница по шише вотка. Ќе го испиев и ќе се возев дома. Се опивав доволно за да се исклучам од реалноста, да избегам од сегашниот момент и да не морам да бидам присутен на начин кој ќе ме натера да чувствувам“, раскажал актерот.

Тврди дека својот алкохолизам успешно го криел од сопругата Џени Молен и дека таа никогаш ништо не забележала.
„Сѐ ми беше испланирано до најситен детаљ, да не испијам премногу за да не можам да разговарам“, признал тој.
Инаку, Бигс и Молен се венчаа во 2008 година. Имаат две деца – синовите Сид (11) и Лазло (7).
Во 2018 година, актерот ја одбележа првата година трезвеност, откако пет години се обидувал да престане со пиење.


