ДЗС: На Галичица пожарот активира неексплодирани средства заостанати од Првата и Втората светска војна

Пожарите на Галичица/ Фото Facebook ДЗС

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека се во постојан контакт со сите надлежни иституции во системот за заштита и спасување и дека навремено ги добиле сите информации за пожарот во Националниот парк Галичица. Пожарот на Националниот парк Галичица кој што се запали првично на територија на Република Албанија се префрли на територија на нашата земја.

„За време на пожарот се случија одредени детонации од неексплодирани убојни средства кои се заостанати од Првата и Втотрата светска војна, со што гасењето на пожарот се отежна бидејки ова ги загрозува животите на сите кои се инволвирани во гасење на истиот“ се вели во извештајот на ДЗС.

Пожарите на Галичица/ Фото Facebook ДЗС

ЦУК за време на заседавањето на главниот штаб побарале од ДЗС да пуштат пиротехничари за да го проверат теренот, за потоа да можат ТППЕ Охрид и вработените во Н.П Галичица да го гаснат пожарот, но откако била направена анализата, опасноста од детонации и загрозување на животот на пиротехничарите била сериозна, по што било одлучено истите да не се вклучат во оваа активност бидејки од ДЗС не биле сигурни кога можело да се очекуваат детонации кои би можеле да бидат верижни, а на тој реон има многу неексплодирани убојни средства.

„Со спуштање на пожарот на локација каде беше отворена можноста за негово гасење во неделата се одржа координативен состанок во Општина Охрид со сите чинители и од страна на Градоначалникот на Општина Охрид беше побарано ДЗС да се вклучи со две возила за гасење на шумски пожар. Еден тим за брз одговор за заштита и спасување од пожари како и со петнаесет грбни прсклки. Истото беше и направено со што пожарот беше локализиран и изгаснат“ се наведува во извештајот на ДЗС.

Пожарите на Галичица/Фото Facebook ДЗС

Во извештајот на ДЗС се информира и за состојбата во Мршевци

Дирекцијата за заштита и спасување вели дека се во постојан контакт со сите надлежни иституции во системот за заштита околу пожарот во Мршевци.

„Со добивање на информацијата за пожарот, ние веднаш стапивме во контакт со градоначалникот на Општина Илинден со што од негова страна беше побарано да испратиме колеги кои можат да направат координација на теренот бидејки тој самиот имал околку 40 луѓе и плус доброволното друштво кое е регистрирано на негова територија како и ТППБ Скопје и ТППЕ Куманово“ се вели во извештајот на ДЗС.

Според нив, денеска ќе има потреба од два тима за гасење на пожарот во с. Мршевци. По барање на градоначалникот на Општина Илинден, ДЗС испрати четири лица за координација со едно возило, но бидејќи пожарот беше изгаснат, тимовите кои биле планирани да се вклучат, не биле испратени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот