Џулија Фокс жали поради естетските операции: „Бев опседната со тоа да им се допаѓам на мажите“
Глумицата и поранешна девојка на Канје Вест, Џулија Фокс, отворено призна дека жали поради бројните естетски интервенции на кои се подложила за да изгледа попривлечно во очите на мажите.
Препорачано
Таа откри дека уште на 21 година започнала со филери и ботокс, а во минатото веќе зборувала и за ринопластика, липосукција и уметнување на лушпички на забите.
„Сега, кога ќе видам некоја личност за која знам дека никогаш ништо не направила, посакувам и јас да можев да бидам таква. Бев опседната со идејата дека морам да бидам привлечна за мажите за да преживеам. Веројатно еден ден пак ќе направам нешто, но засега тоа повеќе не ме оптоварува“, изјави Фокс.
Актерката искрено проговори и за својот најголем страв – стареењето.
„Тоа најмногу ме плаши – чувството на старост. Понекогаш се чувствувам уморно, безволно, разочарано. Кога си млад и убав, тоа е твојот идентитет. А потоа доаѓа момент кога мислиш дека мораш засекогаш да останеш млад и убав. Но јас сакам да видам што е од другата страна, кој ме чека таму. Сигурно ќе биде непријатно, но мислам дека сум подготвена“, рече таа.
Фокс додаде дека се надева ќе има сила да се препушти на природниот процес и да еволуира, наместо да трча по својот стар изглед.
Во јуни, актерката ги пофали познатите личности како Кајли Џенер и Кристин Кавалари за тоа што искрено зборуваат за интервенциите што ги направиле. Но, истакна и дека таквата искреност е неопходна за да се заштитат младите девојки кои се чувствителни на влијанија.
„Ниту една од нас всушност не изгледа така. Сите изгледаме сосема поинаку без операции, филери, шминка, ленти за лице, перики, креми за самопотемнување… Листата е бескрајна“, порача Фокс.


