Џонсон го обвини Путин: Знаеме кој е виновен за смртта на Пригожин

Џонсон - Путин/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон смета дека рускиот претседател Владимир Путин е виновен за смртта на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, пишува Си-Ен-Ен.

„Целиот свет многу добро знае дека човекот кој стои зад убиството на Пригожин е истиот човек кој го одобри, на пример, труењето во Велика Британија на Александар Литвиненко и Сергеј Скрипал, рече Џонсон.

Тој додаде дека Путин бил разоткриен како гангстер, а неговиот апсурд бил пренесен на телевизија.

Руските власти  денеска соопштија дека  ДНК анализата потврдила дека Пригожин е мртов и загинал во авионската несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот