делста сој
Фото: Profimedia

Џикиќ: Четвртиот бран на коронавирус веќе започна

Хрватски научник од германскиот институт Гете вели дека поради ширењето на Делта варијантата, четвртиот бран на коронавирусот веќе започна и не може да се спречи, но како што вели, може да се контролира ефикасно за да се намали бројот на нови инфекции и смртни случаи.

Џикиќ, инаку молекуларен билог, предупредува дека нема простор за релаксација бидејќи и земјите што успеаја да вакцинираат повеќе од половина од населението, како Велика Британија, Шпанија и Португалија, се најдоа во големи проблеми.

Во интервју за еден сараевски медиум, Џикиќ истакна дека Делта варијантата се шири дури 60 проценти побрзо од првичниот британски алфа сој.

„Токму тоа доведе до ситуација во која, на пример, во Велика Британија, дури 90 проценти од новоинфицираните лица се заразени со делта сојот“, вели Џикиќ, кој ја опишува ситуацијата во таа земја како опасна и која , како што вели, води кон полошо.

Тој посочи дека бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден. А тоа, според него, значи дека овој вид може да создаде проблеми дури и со вакцините.

Сепак, неговата препорака е да се зголеми и забрза имунизацијата, но и да се засили тестирањето за да се утврди појавата на Делта варијантата

Џикиќ тврди дека четвртиот бран на инфекција не може да се запре, но дека може да се контролира ширењето на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот