Џеки Кенеди: Тајните на жената која преку ноќ знаеше да се претвори во убавица

џеки кенеди
Фото Профимедиа

На 19 мај 1994 година почина поранешната американска прва дама Жаклин Кенеди Оназис, сопруга на 35-тиот претседател на САД, Џон Кенеди, кој бил убиен во 1963 година. Џеки Кенеди се памети по нејзиниот придонес кон уметностите и зачувувањето на историската архитектура, нејзиниот стил, елеганција и грациозност.

Фото: Profimedia

Таа беше и остана икона на стилот. Меѓутоа, нејзината тајна е во тоа што се сакала самата себеси, додека триковите само ѝ помагале да се покаже во прекрасно светло.

Поранешната американска прва дама Џеки Кенеди со причина стана вечна светска икона на стилот – беше мајстор со едноставни трикови на убавина да постигне чуда.

Фото: Profimedia

Ова се нејзините омилени тајни за беспрекорниот изглед:

Сапун од кал од Мртво Море бил еден од нејзините омилени производи за чистење на кожата. Производите со екстракти од Мртво Море познати се по концентрацијата на минерали (на пример, калциум, калиум, магнезиум), кои фино ја прочистуваат кожата и имаат смирувачки ефект.

Сензуалниот парфем бил заштитен знак на Џеки Кенеди. Секојдневно го нанесувала мирисот Lovely Patchouli 55 од луксузната француска парфимерија „House od Krigler“. Овај парфем е заводлива мешавина од миризливи ноти на пачули, килибар и бергамот.

Перфекционистката Џеки и тоа како била свесна колку изразените и совршено обликувани веѓи можат да го „подигнат“ изгледот на лицето. Затоа внимавајте веѓите да ви бидат убаво обликувани, а по потреба „пополнете“ ги со специјално моливче или четка. Доколку ги средувате вашите веѓи дома, внимавајте да не остраните влакна – велат дека природната форма на веѓите, со мали корекции, е совршената форма која прилега на лицето.

Фото: Profimedia

Џеки никогаш не комплицирала и затоа била кралица на стилот. Ако косата ви е разлетана од ветрот, замотајте ја главата со свилена марама во дезен кој вам ви се допаѓа. Ако набрзина сакате да ги скриете подочниците, носете големи и елегантни наочари за сонце.

Фото: Profimedia

Една од најомилените американски први дами многу вложувала во својот изглед, но никако не можела да се откаже од цигарите, кои освен што се штетни за здравјето, имаат лошо влијание и на кожата. Затоа користела суперхидрантни креми за лицето да ѝ остане свежо. Наш совет е да не пушите цигари и редовно да го хидрирате лицето.

Џеки обожавала да се сонча, но затоа нејзината кожа била склона на пигментација, а тој проблем успешно го решавала со пудра која перфектно одговарала со нејзиниот тен. Затоа, секогаш одберете ја нијансата која најприродно изгледа на вашето лице, а за среќа, денес веќе знаеме колку е битно секојдневно да го мачкаме со што поголем заштитен фактор пред да нанесеме шминка во летниот период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jacqueline_kennedy_onassis

Џеки сакала кармини за усни во јаки бои и често ги ускладувала со црвени и розови нијанси на облека. Ако сте облекле класичен црвен фустан, на усните ставете црвен кармин во исти тонови. Така ќе изгледате уште попрефинето.

Поради честото изложување на сонце, стилизирајќи ја косата со топли справи и користење на лак за коса, нејзиниот фризер Питер Ламас ѝ препорачал за заштита врвовите од косата да ги негува со масло. Пробајте со кокосово, маслиново, рицинусово или чичково – нанесете на косата најмалку 30 минути пред да ја измиете, а потоа темелно исплакнете. Доколку имате време, можете и да преноќите со маската за подобар ефект. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот