Џеки Чен има политички амбиции: „Сакам да станам член на Комунистичката партија“

џеки чен комунистичка парија кина
ФОТО: Инстаграм

Џеки Чен изјавил дека е заинтересиран да се приклучи на владејачката Комунистичка партија на Кина (КПК), пренесува „Global Times“.

Во четвртокот за време на симпозиум во Пекинг, 67-годишниот актер и мајстор за боречки вештини ги споделил своите размислувања за главниот говор одржан од претседателот Си Џингпинг на прославата на стогодишнината на КПК на 1 јули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

На настанот Чен кој е исто така потпретседател на „Кинеската филмска асоцијација“, не само што го изразил гордото чувство дека е Кинез, туку и го покажал својот копнеж кон партијата. „Можам да ја видам величината на КПК, која ќе го испорача она што го вели и она што го ветува за помалку од 100 години, ќе го направи тоа за само неколку децении“, рекол Чен. Исто така, тој рекол „Сакам да станам член на Комунистичката парија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

Неодамна, актерот бил вклучен во „Епско патување“, театарска претстава посветена на основањето на КПК. За време на неговиот настап, Чен ја отпеал песната „Одбрани ја Жолтата река“, напишана за време на војната во Кина со Јапонија во 1939 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот