Џан Пјеро Гасперини ќе биде нов тренер на Рома
Џан Пјеро Гасперини ќе биде новиот главен тренер на Рома, откако веќе потпиша тригодишен договор со италијанскиот фудбалски клуб.
Препорачано
Искусниот стратег ја напушта Аталанта по девет исклучително успешни години за да го преземе амбициозниот проект на „волчицата“.
Според познатиот новинар Фабрицио Романо, договорот меѓу двете страни ќе важи до јуни 2028 година и вклучува голем број бонуси поврзани со достигнувања како што се квалификувањето за Лигата на шампионите и освојувањето на титулата во Серија А.
Според условите, Гасперини ќе добива плата од пет милиони евра по сезона.
По последниот состанок со раководството на Рома, 66-годишниот тренер побара време да ја разгледа понудата, а неговата главна загриженост беше поврзана со финансиската состојба на клубот. Потенцијалните ограничувања во трансфер политиката беа причина за двоумење од негова страна, но по понатамошни дискусии и анализи, Гасперини даде согласност да го преземе тимот.
🚨🟡🔴 BREAKING: AS Roma agree three year deal with Gian Piero Gasperini as new head coach.
Gasperini leaves Atalanta after 9 years as expected and joins AS Roma project. pic.twitter.com/jJvWrtpT4W
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 30, 2025


