Двете пациентки кои починаа од Ковид-19 на 23 и 29 години имале претходни заболувања

Возило на брза помош / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Од Ковид-19 во последните 24 часа починаа девет лица, од кои две млади пациентки, едната на 23, а другата на 29 години.

– Пациентката 23 години од Скопје е потврдена позитивна на 5.09, а претходно 4 дена била со симптоми: температура, кашлица и тешко дишење. Хоспитализирана е на 12.09 на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг- ендоринолошко заболување – велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.

За втората почината пациентка од МЗ велат дека имала заболување на тироидната жлезда.

– Пациентката 29 години oд Струмица е почината во Клиниката Жан Митрев. Во епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ стои дека имала заболување на тироидната жлезда – додаваат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот