Две лица починаа, 125 нови случаи на Ковид 19 и 8 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124. Последната дистрибуција по градови е следна:

Прочитајте и...  Богојески: Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој и солидарност

•    Скопје 1201, активни 595
•    Куманово 545, активни 129
•    Дебар 52, активни 1
•    Штип 161, активни 123
•    Прилеп 218, активни 29
•    Тетово 273, активни 115
•    Струга 98, активни 26
•    Велес 141, активни 27
•    Битола 30, активни 4
•    Охрид 30, активни 13
•    Кавадарци 6, активни 1
•    Гостивар 47, активни 26
•    Гевгелија 6, активни 2
•    Струмица 5, активни 2
•    Крива Паланка 6, активни 0
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 3, активни 0
•    Кочани 43, активни 12
•    Пробиштип 5, активни 3
•    Демир Хисар 1, активни 0
•    Македонски Брод 2, активни 0
•    Пехчево 3, активни 0
•    Берово 2, активни 1
•    Валандово 3, активни 2
•    Виница 3, активни 1
•    Делчево 2, активни 1
•    Кратово 3, активни 1
•    Свети Николе 3, активни 2
•    Кичево 3, активни 1
•    Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Прочитајте и...  СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ–663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена–128, Биотек–42, Жан Митрев (Филип Втори)–144, Систина со PCR метода–41 и МАНУ–55.  Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Прочитајте и...  Шахпаска: Не молчете кога е ваш ред да зборувате, секој глас е одлука (ВИДЕО)

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент.

На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Слободен печат