Две години затвор за возачот кој смртно ја прегази Теодора од Тетово

Возачот кој смртно ја прегази дваесет и двегодишната Теодора Ристoвска во септември 2022, e осуден на две години затвор, одлучи Основниот суд во Тетово.

Обвинетиот Менсур Пајазити конечно се појави во судот и откако му беше прочитано обвинението, призна вина.

Во септември во 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Но, тој не заврши во затвор, туку Врховниот суд го уважи неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врати предметот на повторно судење во основниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот