Марихуана / Илустративна фотографија

Двајца кавадарчани лишени од слобода бидејќи им била пронајдена марихуана

Двајца кавадарчани биле лишени од слобода во саботата навечер од страна на полициски службеници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана.

За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека полицајците ја откриле марихуаната кај 32-годишниот Н.А и две години постариот Б.Г, кои се движеле по улицата „Ѓорѓи Соколов”.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот