Фото: Принтскрин

Двајца загинати, а над 80 повредени – детали за тешката несреќа во Сремска Митровица

Двајца луѓе загинаа, а околу 80 се повредени и се транспортираат во Општата болница во Сремска Митровица, откако автобус на превозникот „Сирмиум бус“ што превезувал работници на компанијата „Хелткер“ се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти МВР на Србија.

Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел. Несреќата се случила денеска околу 14:45 часот.

Припадници на полицијата и службите за итни случаи, како и дежурниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Сремска Митровица, се на местото на несреќата.

ФОТО | Трагедија кај Сремска Митровица – автобус полн со работници се преврте, има загинати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот