Полицаец и полицајка на Косово се затекнати голи во службен автомобил, ги фатиле колеги

Двајца полицајци, според косовските медиуми, етнички Срби, маж и жена, биле суспендирани од работа во Косовска Митровица откако биле фатени како имаат интимна врска во текот на работното време.

Медиумите пишуваат дека станува збор за Н.П. и Р.Т., кои, според информациите, биле затекнати голи во автомобилот од страна на припадници на друга единица на косовската полиција.

Случајот бил пријавен кај надлежните органи, кои донеле одлука за тридневна суспензија и им изрекле дисциплинска мерка.

Еден од полицајците бил прераспределен на друго работно место, пишуваат медиумите на Косово.

Косово ќе отвора фабрика за оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот