Двајца скопјани бесправно граделе кај езерото Шпиље

Дебарско езеро фото МИА

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ќ.(49) и Ј.А.(55), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправна градба”. Пријавените, на различни катарстарски парцели кај месноста „Манастирец”, во близина на езерото Шпиље, општина Центар Жупа, на државно земјиште, без одобрение за градба изградиле објект.

Притоа, А.Ќ. се стекнал со противправна материјална корист од 69.300 денари, додека Ј.А. со противправна имотна корист од 37.431.денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот