Двајца работници тешко повредени на работните места

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Рудар од Гостивар и работник во фабрика во Штип биле тешко повредени на работните места во изминатото деноноќие, соопшти полицијата.

„На 04.04.2023 во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Медицински центар Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен И.Е.(60) од Гостивар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во гостиварско Старо Чајле. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а за случајот бил запознаен јавен обвинител и трудов инспектор“, велар од МВР за случајот во гостиварско.

Во Штип, тешко се повредил 51-годишен работник.

„На 04.04.2023 во 22.50 часот во Полициската станица Штип било пријавено дека во Клиничката болница Штип со тешка телесна повреда бил донесен Т.А.(51) од Штип. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Штип. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот