Двајца повредени во сообраќајка кај автокампот „Андон Дуков“

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Вчера во 14.50 часот, на регионалниот пат помеѓу селото Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков“, патничко возило „ландровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 76-годишен стружанец излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и 75-годишната сопатничката исто така жител на Струга, кои биле констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот