Два авиони го бараат Мартин кај Лезбос, Самос и Света Гора

Потрагата по Мартин трае 14 дена/Фото: Google Maps/Facebook

Денеска продолжува потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски кој 14-ти ден се води како исчезнат, од саботата, на 9 јули кога заедно со неговите двајца пријатели решиле да нурнат на плажата Мити во Посеиди, Халкидики и беа однесени од силни морски струи. Сојузник им е доброто време и мирното море,  што не беше случај во првите денови од потрагата, кога беа спасени неговите двајца пријатели Васил и Иван.

Воздушните средства на Солунскиот аероклуб денеска повторно ќе се обидат да ја скенираат областа, додека потрагите ќе се префрлат и на исток, односно на Света Гора, бреговите на Лезбос и Самос со помош на двата брода на ОФКАТ и околу 8 доброволци, јавуваат грчките медиуми.

Како што изјави за ThessToday.gr шефот на ОФКАТ, Христос Рамос, кој е задолжен за потрагата од првиот ден на исчезнувањето, мајката и братот на несреќниот Мартин остануваат во Неа Скиони со надеж спасувачките служби и волонтерите кои се на теренот ќе го најдат. Меѓутоа, волонтерите од Северна Македонија кои пристигнаа на Халкидики за да помогнат во потрагата сега си заминаа и се вратија во својата земја, рече Рамос.

Подрачјето во кое се бара исчезнатиот Мартин/Фото: Google Maps

Вчера двата пловни објекти на ОФКАТ ги „прочешлале“ плажите Катерини, Макригијалос, Метони, а исто така и заливот Термаикос. Истрагите до денеска беа успех, а не се пронајдени никакви траги за Мартин, но, како што  Рамос истакна за ThessToday.gr, нема да запрат додека не го пронајдат.

Мајката на 31-годишниот Мартин се надева дека синот ќе биде пронајден од страна на тимот ОФКАТ и се уште верува дека повторно ќе го види и ќе стави крај на овој кошмар кој го живее веќе 14 последователни дена.

Вообичаено потрагата по исчезнати лица во море во Грција трае до 72 часа, но откако се мобилизираа и македонски волонтери, потрагата е пролонгирана со сите расположливи средства во моментот.

Надеж во потрагата даде една фотографија направена завчера која стигна до ОФКАТ, направена од граѓанин, на која се гледаат црни шорцеви за пливање слични на оние од последната фотографија направена од Мартин на денот на неговото исчезнување од плажата Мити. Лицето не ги зело шорцевите, туку на спасувачката служба само и достави фотографија, и по целодневна потрага, тие не беа пронајдени за дополнително да се испитаат дали се токму на 31-годишниот Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот