Фото Душко Чифлиганец, Фејсбук
Фото Душко Чифлиганец, Фејсбук

Душко Чифлиганец тешко повреден во мото-трка во Брно, Чешка

Синот на Ванчо Чифлиганец,  Душко Чифлиганец е тешко повреден во мото-трка која се одржувала викендов во Брно, Чешка. Амбасадата на Македонија во Чешка нема добиено официјално известување за несреќата.

Синот на сопственикот на „Адора“ групацијата е тешко повреден и според наши неофицијални информации со хеликоптер бил пренесен во Прага.

„Слободен печат“ се обрати кај организаторот на трката од каде очекуваме одговор.

Душко Чифлиганец е познат како љубител на мотори и автомобили и добитник е на престижни признанија за брзински мотоциклизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот