Дурмиши: Цените на прехранбените продукти се стабилни, засега нема потреба од мерки
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.
Препорачано
– Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти, така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување, како што сме постапиле порано, така ќе постапиме и сега. Значи, за 0,43 проценти се зголемени цените, што покажува дека имаме стабилни цени – рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата, на која беше презентиран оперативниот план за вработување за 2026 година.
Вели дека ако кризата продолжи и има енормно зголемување на цените, тогаш ќе се воведат мерки, а една од опциите е намалување на ДДВ-то. Во однос на инфлацијата, Дуршими вели дека имаме пониска инфлација од други држави и дека мерките што се преземени досега даваат резултати. До крајот на неделата очекува Државниот завод за статистика да излезе со нови информации за инфлацијата.
Над 40 милиони евра за 10.000 граѓани се предвидени со Оперативниот план за вработување
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12сек
-
10мин
-
11мин
-
13мин
-
21мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


