Дурмиш Белули пак доби одложување, ќе го оперира другиот тестис
Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули кој е правосилно осуден на 10 години затвор за несреќата кај Ласкарци, пак нема да оди во „Идризово“, затоа што ќе му го оперирале другиот тестис.
Препорачано
Од Кривичниот суд во Гостивар за „Слободен печат“ потврдија дека Белули добил одложување и треба да се јави во затвор на 16 декември. Судијата за извршување на санкции бил во тетовската болница и докторот му кажал дека Белулибил на 28 ноември бил примен и дека сега ќе го оперирал другиот тестис.
– Од петокот е во болница, ќе му прави операција и некаде за 15 дена треба да се јави во затвор – вели судијата за „Слободен печат.
И во затворот „Идризово“ стигнало известување од гостиварскиот суд дека на Белули му се одложува пријавувањето до 16 декември.
Белули претходно еднаш доби одложување исто поради операција на кила на тестиси, а во исто време на операција беше со шефот на возниот парк Ремзи Мифтари кој не влезе во „Идризово“ и полицијата не може да го најде.
За несреќата кај Ласкарци во која во 2019 година загинаа 16 лица сите правосилно содуени се во затвор, освен Белули и Мифтари.


