Дуковски потврди дека добил анинимен повик со закани кон животот на Боки 13

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“, вели бранителот на Јовановски, Сашо Дуковски.

-Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски.

Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“.

Адвокатот Дуковски вели дека тој не добил никаква закана.

Инаку,  денеска Бојан Јовановски во Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави на записник за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување. Пријавите се за лица од државните институции и за лица што се надвор од овие институции.

Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот