Дукати и златен накит вредни 13.000 евра запленети на Прешево

Фото МИА

Српските цариници и полицијата на 14 јули на граничниот премин Прешево-Табановце со Северна Македонија и на Аеродромот „Констатин Велики” во Ниш спречиле два обида на патници преку границата без пријавување да пренесат дукати-турски златници и златен накит, со вкупна вредност од еден и пол милион динари (12.780 евра), соопштија српските власти.

Првиот прекршок е откриен на излезната страна на преминот Прешево, каде во автомобил „Фолксваген Артеон” со германски регистарски таблички, во кој од правец на Македонија кон Германија патувале двајца мажи, под седиштето на сопатникот е пронајдена кутија со 22 златници-турски лири (дукати), чија вредност е проценета на нешто повеќе од милион динари (8.520 евра).

– Иако изјавиле дека немаат ништо да пријават, цариникот во преградата за документи под совозачкото седиште пронашол кутија со вкупно 22 златници -турски лири, чија вредност се проценува на нешто повеќе од еден милион динари, соопшти српската Царина.

Сличен случај е евидентиран истиот ден на преминот Аеродром „Константин Велики”, каде во рачниот багаж на патничка која пристигнала со лет од Базел е откриен непријавен златен накит.

– Иако во разговорот со цариникот дополнително потврдила дека нема што да пријави, во нејзината чанта биле пронајдени масивно златно ланче, нараквици, прстени и обетки чија вредност се проценува на околу 400.000 динари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот