ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“
Од Демократската унија за интеграција реагираа на предлог-законот за правична и соодветна застапеност, оценувајќи дека станува збор за отворено предавство од страна на Вреди на досегашните достигнувања во областа на еднаквоста.
Препорачано
Од партијата велат дека наместо напредок, предложеното законско решение претставува, како се посочува, брутален регрес, потенцирајќи дека документот не ги содржи клучните механизми за обезбедување правична застапеност.
„Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, изработен од Каракамишева и гласно поддржан од ВЛЕН, не е напредок, туку брутален регрес. Секогаш кога мислиме дека го допреле дното, тие наоѓаат нов начин да паднат уште подолу“, велат од ДУИ.
Според ДУИ, во предлогот што циркулира низ медиумите не се предвидени етнички квоти, што, како што наведуваат, може да доведе до состојба слична на периодот пред 2001 година, кога застапеноста на Албанците во администрацијата била минимална.
Дополнително, од партијата велат дека не постои обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа при вработување или унапредување, ниту пак се предвидени санкции за непочитување на одредбите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
7час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


