Дуа Липа на насловната страница на „Тајм“: Една од идните 100 највлијателни луѓе во светот

Instagram

Британската пејачка Дуа Липа, се најде на насловната страница на новиот број на списанието „Тајм“ – како една од „идните 100 највлијателни луѓе во светот“.

Дуа Липа без сомнение е една од најактелните поп ѕвезди на денешницата. Пред неколку дена, 25-годишната пејачка ја објави обновената верзија на нејзиниот албум „Future Nostalgia“ насловен како „The Moon Light Edition“.

Оттука и песната „We Are Good“ објавена минатта недела досега собра повеќе од 14 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Престижниот магазин „Тајм“ ја одбра како една од 100-те највлијателни личности. На листата покрај Липа се најдоа и Ана де Армас, Ања Тејлор- Џој, Хантер Шафер, Џон Дејвид Вашингтон и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Се чини дека 2021 година започна на прекрасен начин, и уметнички и професионално, за младата пејачка.

Дуа Липа е сјајна ѕвезда, која неверојатно се пробива низ поп-светот“, изјави Кајли Миног за „Тајм“.

Ви благодарам „Тајм“ и Кајли Миног за убавите зборови. Вистинска чест е да се виде на насловната страница“, напиша Дуа Липа на својот интаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот