Дуа Липа ја налути јавноста со објавувањето на знамето на „Голема Албанија“: Додека Ѓоковиќ го обединува Балканот, таа прави вакво нешто

Популарната британска пејачка со косовоско потекло, Дуа Липа, со својата објава на социјалните мрежи, кога го постираше знамето на „голема Албанија“, предизвика многу жестоки и бурни реакции на Твитер од други познати личности.

Еден таков коментар е и статусот на британскиот новинар Сем Стрит, кој наведе дека додека Новак Ѓоковиќ го помирува Балканот, „Дуа Липа од Лондон прави вакво нешто“,  а се јави и професорот по политички науки и експерт за Балканот од Грац Флоријан Бибер, кој постот го карактеризираше  како „глупав национализам“.

„Додека луѓе како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и добиваат само критики поради тоа, Дуа Липа седи во Лондон и прави вакво нешто“, напиша видно револтираниот англиски новинар Сем Стрит.

Се огласи и професорот по политички науки и експерт за Балканот од Универзитетот во Грац Флоријан Бибер, кој исто така имаше што да и каже на пејачката.

„Глупав национализам, кога верувате дека вашата нација има повеќе право затоа што е на некое место подолго од другите (и споделувате вакви мапи)“, напиша Бибер на Твитер.

Ова знаме со дрон беше спуштено на фудбалски терен среде Белград, за време на натпревар меѓу Србија и Албанија, кога дојде до инцидент, а токму Дуа Липа подоцна споделуваше и фотографии од швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири како манифестира националистички симболи.

Дуа Липа објави слика на која пишува: „Зошто Косово нема да биде Србија“, па следеше одговор од Карлеуша! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот