Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Државниот буџет за догодина помина во Собранието, „тежи“ рекордни 6,7 милијарди евра

По неполни два дена расправа, пратениците го изгласаа буџетот за 2026, со 71 глас за и 17 против.

Се планира во државната каса да се приберат околу 6,1 милијарда евра, а да се потрошат 6,7 милијарди. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од БДП.

Владата очекува инфлацијата догодина да се намали на 2,5 проценти, а буџетот е проектиран врз раст на економијата од 3,8 проценти. Капиталните инвестиции се планирани на 650 милиони евра. За власта, буџетот е реален и развоен – се фокусира на забрзан економски раст и на постепено намалување на задолжувањата.

Главен двигател на растот ќе бидат инвестициите и приватната потрошувачка. За опозицијата буџетот е нереален, неразвоен и социјален. Според пратениците од СДСМ кои дебатираа во Собранието, растот е нереален, многу повисок од очекувањата на меѓународните институции, што ќе доведе до поголеми задолжувања и помали капитални инвестиции.

Од над 200 поднесени амандмани, прифатени беа само шест. Буџетскиот дефицит е планиран на 638 милиони евра, додека за капитални инвестиции се проектирани 658 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот