ВИДЕО | Дру Баримор реши да се збогува со актерството: Sвездата на „Чарлевите ангели“ ја прекинува кариерата поради децата
Холивудската актерка Дру Баримор одлучи да ја паузира својата актерска кариера затоа што сака да се посвети на семејството и воспитувањето на своите деца.
Во интервју за емисијата SiriusXM, актерката зборуваше за нејзината кариера и искрено сподели со јавноста дека сега не сака да поминува време на сетови, но дека нејзината одлука може да се промени кога децата ќе пораснат.
View this post on Instagram
„Сакам да бидам подобра мајка на моите деца. Не сакав да бидам на снимањето, па кога ќе се вратам дома да ја прашам дадилката како ми се децата. Не сакав тоа да биде мојот начин на живот. Почнав да глумам кога бев во пелени, а застанав кога родив деца“ – изјавила Дру.
View this post on Instagram
Актерката има две ќерки, осумгодишната Олив и шестгодишната Френки, со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Вил Копелман.
View this post on Instagram
Баримор сними голем бројни успешни филмови, меѓу кои „Charlie’s Angels“, „Е.Т.“, „Scream“ и „Never Been Kissed“, но откако стана мајка таа улога и e најважна „да ја одигра“ најдобро што може.