Драмата на Канје не стивнува: Поранешната девојка Амбер Роуз го предвиде ова пред седум години

канје амбер ким
Фото: Принтскрин / Instagram

Драмата помеѓу Канје Вест и Ким Кардашијан континуирано се разгорува, но благодарение на посветените следбеници огнот веќе и се шири… па некои од најтврдокорните се потсетија на нешто што Амбер Роуз, поранешната девојка на Канје, кажала пред скоро 7 години, и си го поврзаа со актуелните случувања.

Бившата на Је се појави како тренд на Инстаграм во неделата, откако нејзиниот твит од 2015 година повторно исплива на површина и стана вирален… оној во кој таа тогаш напиша:

„@kanyewest ќе оставам на Картрашијанс да те понижат кога ќе завршат со тебе.”

Острата порака беше одговор на препираката по бурното раскинување што Канје и таа ја имаа во тоа време – откако тој ја исплука во „The Breakfast Club“ велејќи дека мора да се истушира ​​30 пати за да се „ослободи од неа… добро, нејзината аура…“ со цел да може да продолжи понатаму и да се дружи со Ким.

Во светлината на непријатните обвинувања што летаат среде разводот на Канје и Ким овие денови, Интернетот со задоволство го извади овој стар „нечист веш“ меѓу закопаните нешта… и ги остави шегите да летаат, на сметка на Је и Кардашијан.

Но, Амбер не сака ништо со тоа… така вели самата таа огласувајќи се преку социјалните мрежи. Таа вели дека иако никогаш не добила извинување за дрската забелешка на Канје за туширањето, Роуз вели дека повеќе не тоне во 2015 година… па дури и признава дека она што го кажала за Ким и нејзиното семејство било со погрешен тон.

амбер роуз
Фото: Принтскрин / Instagram

Таа вели дека многу добро произлегло од тие горчливи времиња, вклучувајќи го и создавањето на „Slutwalk“ – нешто што таа го започна за да им помага на жените да не се чувствуваат засрамени од својата сексуалност.

„Ким ниту нејзината сестра не го заслужија тој твит и ни вие не треба да го потпишете тоа“, продолжи Амбер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 90s 00s nstlgia (@throwuback)

Амбер продолжува да вели дека тогаш била помлада и понезрела, притоа нагласувајќи дека тие се „KarDASHians“, а не „KarTRASHians“, како што претходно споменува во стариот твит. Таа завршува велејќи дека не сака да има ништо друго освен ширење љубов и позитивност во нејзиниот живот отсега па натаму… тоа е сè.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот