Драма на лет од Германија кон Охрид: Пилот на „Визер“ морал итно да слета во Венеција
Авион на компанијата „Визер“ кој попладнево летал од Дортмунд кон Охрид, нагло го сменил правецот додека бил над Хрватска, а пилотот испратил сигнал за итна ситуација или тревога, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар“.
Препорачано
Авионот слетал во Охрид со задоцнување од два часа.
Роднини на патници кои биле на летот велат дека им било кажано оти станува збор за итна здравствена ситуација, односно дека пилотот, откако му се слошило на еден патник, побарал да слета на најблискиот аеродром – во Венеција.
Македонските воздухопловни власти велат дека со оглед на тоа дека ова се случило во туѓ воздушен простор, немаат официјално известување за настанот, но и дека компанијата нема обврска да ги извести.
Од „Визер“ досега официјално не се огласија за случајот – компанијата само постави објава на Твитер во која се вели дека авионот слетал во Охрид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


