Дотерајте си ги и затоплете ги миленичињата

Совршено изработуваат јакни, палта, џемперчиња, блузички, фармерчиња, фустанчиња, здолништа, тренерки, градници, околувратници, поводници, капчиња, костуми за свечености и свадби, шалчиња, марами, чизмички, гаќички за циклус…, поточно совршено ги дотеруваат домашните миленичиња.
Што препорачувате за дождливото време, кое е проблем за секој сопственик на кученце кое мора да се прошета?

– Свесни сме дека ова е еден од најголемите проблеми на сопствениците. Никој не сака да го изложи миленикот на настинки и болести од водата што ќе му се впие во крзното на ниските температури, затоа изработуваме мантили за заштита од дожд. Секој мантил е изработен со можност за регулирање на обемот, со цел да може под него да се облече и подебело парче облека доколку е потребно, или пак доколку има промена во килажата. Потоа, се работи на специјален начин, кој ќе заштити од пролевање на вода по телото, по предните и задни нозе. Се изработува од 100 отсто водоотпорни материјали, плус топол и пријатен материјал од другата страна, со цел да му е пријатно на миленикот, но исто така и да може да се користи како ветровка при потопли временски услови, а да биде соодветна заштита на миленикот од ветерот. Изработуваме и други модели, еден од нив е моделот што е погоден за пониските миленици, кој го заштитува делот на стомачето од прскање.

Претпразнична сезона е, божиќните џемперчиња се многу модерни, какви модели нудите?

– Најсоодветен одговор на ова прашање е – секакви! Сè што имаат замислено сопствениците на домашни миленичиња, може да се изработи и да се направи. Единствениот проблем е времето, зашто за овие модели е потребно повеќе време и внимание, ова се најкомплексните модели за изработка што бараат многу напор и многу концентрација. Џемперчињата на пример, можат да бидат со новогодишни односно со божиќни тематски апликации, од снегулки, елки, ирваси, ангелчиња, до Дедо Мраз. Подеднакво, нудиме и можност за „пишување“ на порака на самиот модел, по барање на клиентите. Покрај божиќни џемперчиња, изработуваме и новогодишни и божиќни блузички, коишто се од топли и пријатни материјали, а воедно и ги испорачуваме за многу пократок временски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот