Доплерот се врати во Општата Болница Куманово

Општата болница во Куманово од февруари на одделот за дерматовенерологија повторно ќе пружа услуги за доплер на екстремитети, информираат оттаму. Прегледите ќе ги извршува едуциран специјалист дерматовенеролог, доктор Марија Србиноска. Закажувањето на прегледите е со упат од матичен лекар до докторката, или со упат од доктор специјалист преку системот „Мој Термин“.

Инаку на одделението за дерматовенерологија во амбулантските услови се вршат акутни и хронични дерматовенеролошки прегледи, дерматоскопски прегледи и аплицирање и третман на терапија за акутни и хронични пациенти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот