Донесена иницијатива Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците
Д.А.
Пред
Иницијатива за разрешување на Арбен Таравари од претседател на Алијанса за Албанците е донесена на денешното централно собрание на партијата, што се одржа во Скопје.
Ова на прес-конференција по завршување на состанокот го соопшти Зијадин Села, кој според статут е претседател на партиското собрание на АА.
-Го чекавме да дојде претседателот на партијата Таравари таму каде што припаѓа и каде што му е местото, а тоа е во ова централно собрание како највисок орган меѓу два конгреси. Тој не дојде. За жал, според ова, од страна на членови на централното претседателство, беше предложено дека е беспредметна точката од дневниот ред каде што претседателот треба да даде отчет за последните збиднувања во АА, по што таа беше тргната и беше ставена друга точка, односно иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, според членот 48 од статутот на партијата, кажа Села.
Зијадин Села – собрание на Алијанса на Албанците /Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Информира дека по таа точка од 108 присутни членови на централното собрание, 106 гласале „за“ иницијативата, еден бил против и еден воздржан.
-Како последица и резултат на оваа одлука, другата точка беше да се оди на Конгрес што ќе се одржи на 18 февруари и каде што ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе централното собрание на АА за разрешување на претседателот на партијата Таравари.
Зијадин Села – собрание на Алијанса на Албанците /Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Претседателот на Собранието Африм Гаши не ги дава на увид снимките од инцидентот во Собранието кога за влакно беше избегната физичка пресметка меѓу министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и пратеникот Миле Трајчулески. „Слободен печат“ дојде до одговорот што Гаши му го испратил на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, во кој вели …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Тест на личноста — колку ви е тешко да донесувате одлуки? Изберете животно и дознајте! 2 Без паника — пет начини како да ги одвлечете децата од бесконечното „скролање“ на телефоните 3 Мицкоски …