Дончев: Нема веќе да се пишува дека нема лекови после 15-ти во месецот

Од први октомври пациентите во аптеките ќе може да ги подигнат сите потребни лекови на рецепт и никој нема да биде вратен, вели Ден Дончев директор на Фондот за здравствено осигурување.

Дончев најави дека се воведуваат механизми за контрола меѓу кои и тоа дека и препишувањето и издавањето ќе биде со документ за лична идентификација односно пасош или лична карта.

Ако некој во туѓо име подигне лек тогаш во аптеката ќе се евидентира и името на тој што го подигнал, односно тој што го подига рецептот ќе мора да се идентификува со лична карта или пасош.

Препишувањето и подигнувањето ќе се следи во реално време и ќе се проверува ако кај некој пациент се јави отстапување. Ќе има и скенери за проверка на документите.

Со скенерите со кои ќе се проверува дали личните карти и пасошите се лажни и вакви апарати ќе мора да ги има во секоја аптека. Исто така ќе се вршат и споредби, односно по матичен број ќе се утврдува дали пациентот на кому му е издаден рецептот истиот го подигнал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот