Пелагонија - студентски дом / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Домовите и интернатите со 15 насто пад на сместување на ученици и студенти

Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во учебната 2024/2025 година е 4 889, што претставува намалување за 15 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Сместени биле имало 52 ученици од основно училиште, 1 693 ученици од средно училиште, 35 ученици од православно верско училиште, 94 ученици од исламско верско училиште и 3 144 студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот