Долги се пипалата на мафијата од Калабрија – 32 членови на Ндрангета уапсени во Шпанија

Во Шпанија се уапсени 32-ца луѓе поврзани со италијанската мафијашка група Ндрангета и со голема трговија со дрога и перење пари, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол).

Според Европол, уапсените се припадници на насилна криминална група поврзана со трговија со кокаин и канабис помеѓу Шпанија и Италија, транспорт на дрога скриена во глисери, како и перење пари преку инвестиции во недвижен имот во Шпанија.

Меѓу уапсените има Италијанци, Албанци и Унгарци.

Во полициската акција запленети се 18 килограми амфетамин, 4,5 килограми кокаин, огнено оружје, 300.000 евра и 600 садници канабис.

Акцијата беше спроведена минатата недела на островот Ибица и во неа учествуваа 500 полицајци на шпанската цивилна гарда, италијански карабинери и претставници на италијанската финансиска полиција, со поддршка на европските тела за полиција и правда, Европол и Европравда.

Италијанското обвинителство ја смета мафијашката организација Ндрангета од Калабрија за најважната криминална организација во западниот свет. Некои од уапсените се поврзани со некои убиства во Италија.

Се проценува дека Ндрангета, чие име потекнува од грчки збор што значи „херојство” или „машка доблест” (андрагатија) има поголема моќ од злогласната сицилијанска Коза Ностра, поради тоа што контролира голем дел од шверцот на кокаин од Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот