Јужна Африка ковид-19 коронавирус
Улична уметност инспирирана од пандемијата со коронавирусот во Јоханесбург, Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Докторката која го откри сојот омикрон: Многу земји се хистерични, состојбата не е толку ризична

Анџелик Кеце, докторка од Јужна Африка, од каде за прв пат беше откриен сојот омикрон, неодамна напиша колумна за британскиот „Дејли мејл“ во која ги откри сите податоци со кои таа располага околу новиот сој.

Потезите на британската влада и на неколку други земји таа ги оцени како „хистерични“. Британската влада проценува дека до крајот на декември ќе има еден милион нови случаи и 10.000 хоспитализирани дневно.

Треба само да ја погледнете сликата во Јужна Африка, каде што беа забележани првите познати случаи на сојот на омикрон во светот, за да разберете дека оваа реакција е надвор од секоја пропорција на ризик што го носи оваа варијанта. И тоа треба јас да го знам – затоа што јас сум докторот кој прв го вклучи алармот за омикрон, уште во ноември годинава, вели докторката Кеце.

Таа вели дека омикрон варијантата веќе некое време циркулирала во Јужна Африка, а претходно била пронајдена и во Боцвана.

Моја должност беше да ја пријавам мојата загриженост. Не се каам што го направив тоа, но бев изненадена од претераната реакција ширум светот во деновите што следеа, кога Британија и некои други европски земји воведоа строги ограничувања за патување на летовите од цела јужна Африка и воведоа построги правила за носење маска, казни и продолжен карантин, пишува докторката во колумната, вели Кеце.

Таа смета дека уште не знаеме ни приближно доволно за омикронот за да „носиме такви одлуки и да наметнуваме таква политика“. Таа вели дека е зачудена од последните изјави на британската влада, со оглед на она што стана очигледно во претходните четири недели кога станува збор за новиот сој. Кеце вели дека во последно време работи со пациенти кои се заразени со омикрон и ги знае повеќето од ефектите што сојот може да ги има врз луѓето.

Д-р Анџелик Кеце/ Фото Twitter

Ќе има и полоши варијанти

Мојот прв случај со омикрон, млад човек кој дојде во мојата канцеларија, на почеток мислеше дека бил на сонце предолго откако работел надвор. Пациентите обично имаат болки во мускулите, болки во телото, главоболки и се малку уморени. И симптомите не стануваат ништо полоши од тоа. По околу пет дена исчезнуваат и толку. Во делот на Јужна Африка каде што работам немаше многу пациенти со омикрон кои беа испратени во болница, а повеќето се лекуваа дома со употреба на антиинфламаторни лекови. Имајте на ум, исто така, дека повеќето од оние кои добиваат омикрон овде се невакцинирани, изјави докторката.

Таа тврди дека доколку омикрон сојот беше навистина толку смртоносен, би очекувале бројот на новозаразени да скокне, но тоа едноставно не се случува во Јужна Африка. Цврстото затворање би го забавило процесот на ширење на омикронот низ населението, а тој пробив ќе им овозможи на луѓето да развијат витални антитела кои ќе ги доближат луѓето до колективниот имунитет. Следната варијанта што ќе се појави би можела побавно да се шири, но да биде посериозна, па ни треба сета помош што можеме да ја добиеме од природниот имунитет, вели Кеце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот