Докторка на специјализација загина во сообраќајната незгода која се случи на патот Скопје-ГП Блаце

Фото: Фејсбук/ Специјализирана Болница Геријатрија

Моника Лукровска, доктор специјализант, е 40-годишната скопјанка која загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на патот Скопје – Граничен премин Блаце.

Информацијата за смртта беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори.

Нејзините колеги велат дека Моника била професионалец, пријател и колега со срце и милост.

„Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас.Добриот човек секогаш ќе се памти. Ти беше херој,професионалец ,пријател и колега со срце и милост.Секогаш зрачеше со позитивна енергија без разлика на секојдневието“ пишува во Фејсбук објавата.

 

Скопјанка го загуби животот во сообраќајка на патот Скопје-Граничен премин Блаце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот