Докторите му дозволија на Маркез да вози во Леман

Фото: EPA-EFE/NUNO VEIGA

Марк Маркез овој викенд ќе се врати на патеката на трката за Големата награда на Франција, откако медицинскиот тим кој му ја оперираше десната рака му даде дозвола.

Операцијата беше неопходна поради падот на Маркез во првиот круг во Портимау, по таа трка ги пропушти наредните кои следуваа. Имаше желба Маркез да се врати и на „Херес“, но докторите беа против тоа, па затоа трката за Големата награда на Шпанија ја следеше како гледач.

Последните прегледи на скенер покажале дека Маркез добро, но сепак ќе мора да ги помине и тестовите од лекарската комисија на МотоГП за сите да бидат сегурни. Доколку нема некаков пресврт и изненадување, Маркез ќе настапи на слободните тренинзи во петок.

Во генералниот пласман Маркез е 19-ти со 80 бодови помалку од Франческо Бањаја. Сепак, до крајот на сезоната има уште 16 тркачки викенди и борбата за титулата допрва почнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот