Дојави за бомби во неколку училишта низ Белград

Српска полиција/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По бројните дојави за бомби низ трговските центри, училиштата во Белград сега се на мета. Неколку училишта досега добиле вакви дојави, а нивниот број се зголемува од минута во минута, јавуваат српските медиуми.

Во пораките кои ги добиле училиштата било напишано:

Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш. Се мразиме, но сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот. Чувството дека се околу нас е само сон, не не напушта. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните.

Од српското МВР велат дека работат на случајот. Од училиштата ги советуваат децата и родителите да не одат на часови додека не утврдат дали навистина се работи за поставени бомби низ училиштата во Белград.

„Поради дојавата за поставена бомба во училиштето, ве молиме да ги информирате децата и родителите дека првата смена не може да има часови додека не се провери вистинитоста на ова од МВР. Ве молиме сите да ги следите известувањата и мејловите за да бидете во тек – стои во известувањето на ОУ „Владимир Роловиќ“.

Според српските медиуми, дојавите за бомбите стигнале до сите основни училишта во Белград, а родителите на некои од децата се огласија на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот