Добра игра на Вардар, но на победата се радуваше Кил

Вардарци по втор пат загуби од Нексе/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар загубија со 32:30 на гостувањето кај Кил и го претрпеа шестиот пораз по ред во Лигата на шампионите. За разлика од претходните неколку натпревари во ЛШ, вардарци вечерва одиграа далеку подобро, но не немаа сили да му паририраат во сите 60 минути на германскиот тим.

На стартот од натпеварот првите два шута на вардарци ги запре Ландин, а со иста мерка возврати и Мартин Томовски.

Првиот гол го постигна Кудуз во третата минута, но Кил возврати експресно преку Сагосен за 1:1. Во наредниот период се играше гол за гол, а првиот удар Кил го зададе со серијата од 4:0 по која поведе 9:5.

На средина од првиот дел, Кил имаше предност од 11:6, а по тајм-аутот на Веселин Вујовиќ, вардарци заиграа далеку подобро и постигнаа три гола преку Кудуз,Моралес и Диало за минус два (11:9).

Благодарение на одбраните на Томовски, Вардар во 20 минута по голот на Кудуз намали на 12:11. Во 23 минута Вардар со голот на Тото доаѓа до израмнување на резултатот, 13:13 и го натера тренерот на Кил, Филип Јиха да побара тајм-аут.

По тајм-аутот, сега Кил направи серија од два гола и поведе со 15:13 и предноста од два гола ја задржа со крајот на првото полувреме (18:16). Анте Кудуз со шест гола без промашување беше одличен во првото полувреме, додека на голот Вардар, Мартин Томовски имаше шест одбрани.

Второто полувреме започна со гол на Тото, но Кил експресно врати преку Дувњак и ја одржуваше предноста од два гола се до 37 минута кога поведе со 21:18. Техничките грешки во нападот на вардарци, домашниот тим ги искористи за да направи серија од 6:0 за 26:20 и да ги реши дилемите околу победникот.

До крајот на средбата, Кил рутински ја одржуваше предноста и на крајот славеше со 32:30. Анте Кудуз го одигра најдобриот натпревар по доаѓањето во Вардар постигнувајќи девет гола, Жереми Тото даде пет, додека Мартин Томовски имаше 10 интервенции.
Кај Кил најдобар беше Сандер Сагосен со осум гола, а ДОмагој Дувњак даде пет.

По шестиот пораз по ред, Вардар остана на шестото место на табелата со пет бода и идната недела го очекува гостување кај ППД Загреб кој е директен ривал за шестата позиција која носи пласман во нокаут фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот