Добитник на џекпот во Њу Џерси освои вртоглави 1,13 милијарди долари

Фото: John Angelillo / UPI / Profimedia

Американската лотарија „Мега милиони“ соопшти дека добитното ливче со џекпот вреден неверојатни 1,13 милијарди долари, петта по големина добивка во историјата на играта, е продаден во Њу Џерси, со што заврши серијата од 30 последователни извлекувања без победник, пишува „Ројтерс“.

Добитните бројки за овој џекпот беа 7, 11, 22, 29 и 38, плус дополнителен број 4. Победникот, кој допрва треба да биде идентификуван, може да избере да си замине со сума од 537,5 милиони долари или да ги распореди плаќањата во текот на 30 години, плаќајќи годишен данок на доход.

„Честитки до лотаријата во Њу Џерси за продаденото лото ливче со џекпот на извлекувањето во вторникот од 1,13 милијарди долари. Го славиме нашиот нов добитник на џекпот, како и сите освоени награди и долари собрани за добри цели за време на оваа возбудлива серија на џекпот“, се вели во соопштението на Гретчен Корбин, водечки директор на конзорциумот „Мега милион“.

Иако се работи за вртоглава сума, сепак овој џекпот е далеку од најголемата добивка во извлекувањето на американската лотарија „Мега милиони“. Во Флорида минатата година џекпотот беше 1,6 милијарди долари. Победникот, кој избра да остане анонимен, им пркоси на шансите од 1 на 302,6 милиони.

Лото ливчето за извлекувањата кои се одржуваат двапати неделно чини 2 американски долари и се продава во 45 држави и во областа Колумбија, Порторико и Девствените Острови на САД.

Најголемата индивидуална добивка на лотарија во историјата на САД е 2,04 милијарди долари освоена од сопственикот на лото ливче во Калифорнија во ноември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот