До септември ќе има 11.000 починати од ковид во Македонија, прогнозира Хелт дата од САД

Медицински тим вади труп на починато лице од коронавирус од Инфективната Клиника во Скопје / 31 март 2020, Скопје, Северна Македонија / EPA-EFE/NAKE BATEV

Северна Македонија е меѓу земјите со најголема смртност од ковид-19 во светот, односно рангирана е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од ковид 19.  Албанија е на четвртото место, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Податоците ги објави „Хелт дата“, американски институт за процена на здравјето, и според нивната методологија многу држави во светот не ги објавуваат вистинските бројки на починати.

По Албанија е Мексико со 478 смртни случаи на 100 илјади жители, следат Северна Македонија со 482, Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).

Додека официјалните извештаи говорат дека Северна  Македонија пријавила 237.1 починат на 100.000 жители, американскиот институт регистрира двојно повеќе – 482.3 починати македонски граѓани на 100.000 жители.

Официјално до сега во Северна Македонија од ковид 19 починале 5.280 лица. Американскиот институт, според нивниот модел, пресметал дека реално до септември годинава во земјава од заразата ќе починат дури 11.000 лица.

Според американскиот институт, реалната бројка на починати лица е двојно поголема од онаа која ја објавува Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот