ДКСК ја запре постапката за директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу

Фото: Архива

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе покрене иницијатива за донесување нов Закон за Агенција за разузнавање, нови подзаконски акти за уредување на сите прашања за вработување, унапредување, мобилност преку оценување, распоредување или преземање, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и потенцира дека со тоа се запира постапката по предметот по неколку пријави поднесени за директорот на АР Еролд Муслиу.

Таа нагласи дека ДКСК долго работела по овие пријави за да се направи опсежна анализа, затоа што, подвлече, станува збор за многу чувствителна позиција.

Инаку, предметот е од 2019 година од ананонимна пријава, а се изразени сомневања и сознанија за корупција и судир на интереси на службени лица кои, информира Ивановска, ја злоупотребиле службената должност со цел да остварат корист за себе односно се против директорот на АР Муслиу за постоење индиции за постоење на ризик од корупција и искористување на податоци државна, службена и воена тајна, кога ја вршел функцијата помошник директор за координација на оперативните работи, задолжен и за меѓународна соработка на АР со странски партнери од 2016 до 2019 година.

-Не е доволно добра и јасна правната рамка за донесување и примена на подзаконските акти и на Колективниот  договор по основ на вработување, унапредување и мобилност, преку распоредување или оценување и преземање. Обидот некои прашања да се доуредат со измени и дополнување на Колективен договор се покажале како неуспешни, изјави меѓу другото претседателката на ДКСК, Ивановска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот