Мирјана Пајковиќ, поранешна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора / Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Дивеела на автопат со 202 километри на час: Уапсена е поранешната црногорска функционерка позната по експлицитните снимки

Поранешната директорка на Дирекцијата за промоција и заштита на човековите права и слободи при Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора Мирјана Пајковиќ е уапсена поради управување автомобил со брзина од 202 километри на час на автопат, потврди Полициската управа за црногорските медиуми.

„Именуваното лице е уапсено за пречекорување на максималната дозволена брзина – возење возило со брзина од 202 км/ч“, соопшти Полициската управа на веб-страницата на Икс.

Максималната дозволена брзина на автопатот е 100 километри на час.

Пајковиќ ќе мора да плати казна од 1.000 евра.  Според неофицијални информации на медимумите, таа добила и забрана за управување со возила од категорија Б во траење од четири месеци, а полицијата ѝ го конфискувала автомобилот за проверки.

Таа пред два месеци поднесе оставка, откако се појавија компромитирачките фотографии и скандалозна експлицитна снимка со неа и поранешниот советник на претседателот на Црна Гора, Дејан Вукшиќ.

Се обидуваат да ме натераат на самоубиство: Мирјана Пајковиќ вели дека живее во страв по скандалот во Црна Гора

ВИДЕО | Мирјана Пајковиќ проговори за скандалот што ја тресе Црна Гора: Снимките се шират баш кога јавно зборувам за насилството на моќниците врз мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот