Дислокација: Русите го преместија Навални на непозната локација

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е дислоциран од притворот во рускиот регион Владимир, каде беше приведен минатиот месец и преместен е на непозната локација, изјави денеска еден од неговите адвокати.

Навални, еден од најистакнатите критичари на претседателот Владимир Путин, беше префрлен од московскиот затвор минатиот месец на издржување на казна од две и пол години што Западот го опиша како политички мотивиран случај.

Првично беше задржан во затворот Колчугино во регионот Владимир, североисточно од Москва. Руски медиуми, повикувајќи се на извор за спроведување на законот, јавија дека Навални бил задржан таму за карантин пред да биде префрлен во колонијата ИК-2, исто така во регионот Владимир.

Вадим Кобзев, еден од адвокатите на Навални, рече дека го посетил својот клиент во четвртокот, но друг адвокат се обидел да го види денеска, но му било кажано дека Навални бил преместен на друго место.

– Затворот рече дека го нема и тоа е тоа, изјави Кобзев за западни медиуми додавајќи дека Навални бил во добра здравствена состојба кога го посетил претходниот ден.

Цитирајќи ги законите за заштита на личните информации, портпарол на Федералната казнено-поправна служба соопшти дека не може да открие каде се наоѓа Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот