Директорот на „Петница” поднесе оставка

Директорот на Истражувачката станица „Петница“, Никола Божиќ, поднесе оставка, а Управниот одбор ја поддржа таа одлука, објави денеска претседателката на Управниот одбор на „Петница“, Тања Аднашевиќ.

„Заради зачувување на интегритетот на Истражувачката станица во Петница, но и на интегритетот на претходниот директор, директорот Никола Божиќ вчера поднесе оставка“, рече Аднашевиќ.

Откако пет девојки поднесоа обвиненија за сексуално злоставување во „Петница“, отворена е истрага за случајот.

„Управниот одбор ја почитува одлуката на директорот Никола Божиќ да се повлече од својата позиција поради потребата да се заштити интегритетот на Петница, како и личниот, моралниот и професионалниот интегритет. Согледувајќи ја сериозноста на ситуацијата во Петница и притисоците на кои се изложени сите нејзини законски тела, Управниот одбор предводен од претседателот д-р Тања Аднаџевиќ ќе раководи со Истражувачката станица Петница до назначувањето на нов директор и ќе обезбеди нејзино непречено функционирање“ рече Божиќ.

Стотина фотографии од разголени девојки најдени во станот на злоставувачот од Петница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот